Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтер, се случи вечерва во близина на грчкиот остров Родос. Земјотресот бил почувствуван и на турското крајбрежје, во близина на градот Бодрум.
Епицентарот бил во морето, на длабочина од 10 километри. Земјотресот се случил во 23:28 часот по локално време.
Инаку во текот на целиот ден во тоа подрачје се случиле неколку помали потреси.
Засега не е пријавена материјална штета од последниот земјотрес.
