Силјановска до Џафери: Ве молам во иднина да не доцните, вие треба први да бидете во Собранието!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гордана Силјановска Давкова процедурално на почетокот на седницата на Собранието за избор на Влада, реагираше на претседателот кон претседателот Талат Џафери за доцнењето, како и за брзањето да се свика седница за избор на Влада.

Пратеничката реагираше на доцнењето на седницата која почна со речиси еден час задоцнување.

„Прво, ве молам во иднина да не доцните. Претседателот на Собранието треба прв да биде во законодавниот дом. Второ, многу брзо ја свикавте седницата, и тоа во неработен ден. Ние имавме само три дена да ја погледнеме програмата и биографијата на министрите, а треба најмалку 10 дена“, рече Силјановска-Давкова.