Силјановски промовиран во Фљамуртари: Ќе работи со поранешен тренер на Шкендија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Довчерашниот лев бек на Работнички, Горан Силјановски денеска е промовиран како нов фудбалер на албанскиот тим Фљамуртари. Тој потпиша едногодишен договор со тимот од Валона, со можност за продолжување за уште една година.

Стратег на Фљамуртари е порнашниот тренер на Шкендија, Шпетим Дури кој добро ги познава квалитетите на Силјановски, кој беше еден од најдобрите играчи на Работнички во изминатиот период.