Во средиштето на Мадрид, одекна силна експлозија, која се чула низ целиот град, јавува РТ.
Експлозијата срушила четири ката од зграда на улицата Толедо, недалеку од атракцијата „Пуерта де Толедо“, позната како градска врата.
Драматичните снимки на друштвените мрежи ги покажуваат последиците од оваа силна експлозија. На терен се пожарникари. Не е позната причината за експлозијата.
Шпанските медиуми јавуваат дека има најмалку двајца загинати, и неколкумина повредени. Се евакуираат и жителите на околните згради. Во близината на експлозијата се наоѓа училиште и старечки дом.
Полицијата апелирала на граѓаните да не приоѓаат во тој дел.
BREAK: Significant explosion in Madrid
Appears several floors of building destroyed
Cause not yet known pic.twitter.com/XmzuQIRYzX
— Darren McCaffrey (@DarrenEuronews) January 20, 2021
