Силно невреме го зафати Родос, се урна мост – има загинати, во тек евакуација!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По обилните врнежи што ги донесе невремето „Бора“, поплавени се куќи, деловни објекти и патишта на Родос, поради што властите беа принудени привремено да ја забранат употребата на возила на тој грчки остров, објави денеска Ројтерс.

Две лица загинаа во поплавите на островот Лимнос. Противпожарната служба на Родос примила повеќе од 650 повици за испумпување на вода од поплавените згради, поради поплавите се евакуирани 80 лица, а засега нема информации за повредени.

Се гледаат автомобили натрупани по поплавените улици во населбите низ Родос, најпогодениот град Јалисос. Локалните медиуми јавуваат дека на Родос се урнал мал мост.

Портпаролот на противпожарната бригада на Родос, Василис Вартакоџанис за грчката телевизија Скај изјави дека лошото време ќе продолжи и во понеделник.

  • Условите беа различни во последните години, имаме ненадејни врнежи и ненадејни поплави – рече Вартакоџанис.

Невремето со грмотевици и обилните врнежи го прекинаа железничкиот сообраќај во континентална Грција, особено во централните и северните делови.