Силно невреме ја погоди Истра – за два часа забележани повеќе од 4.000 громови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Студен фронт донесе силно влошување на времето на копно и на северен Јадран.

Посилно молскавично невреме со град зафати голем дел од Истра, Хрватска, од Умаг преку централна Истра се до источниот брег.

Град паѓа во Умаг, Бује и дел од регионот Пазин, но според извештаите од теренот не е забележана поголема штета, пишува индекс.хр.

Истарскиот метеоролошки портал Истрамет известува дека имало изразена активност со грмотевици, а во овој момент невремето се проширило кон Кварнер.

Од таму додаваат дека најголемите активности со грмотевици биле регистрирани во регионот на Бује, каде биле изброени илјадници удари од гром.

„Повеќе од 4.000 удари од гром биле забележани на Истра денес во само два часа, од 18 до 20 часот“, велат од таму.