Вака реагираа од синдикатите во врска со барањето за покачување на платите на вработените во јавниот сектор, по вчерашната средба во Влада, која резултираше без епилог. Од Сојузот на синдикати најавија протести и велат дека доколку функционерите се откажат од покачените плати за 78%, секој вработен би добил покачување од 1500 денари нето во сметка.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, вети дека се бара решение за регулирање на прашањето со платите на функционерите кои беа зголемени за 78%. А во врска со барањето на синдикатите за покачување на платите за 14% изјави дека е зачудена бидејќи, како што рече, на вчерашниот состанок се разговарало само за системот за плати.
Синдикатите и Владата вчера одржаа состанок но не беше постигнат договор за покачување на платите. ССМ бара од септември платите на работниците да се зголемат за 14,5 отсто, колку што беше инфлацијата минатата година и враќање на платите на функционерите на нивото пред Уставен да им ги зголеми за 78%, и покачувањето на платите да биде еднакво за сите.
