Синдикатите поделени го одблежаа 1. Мај, немаше марш, само скромен протест – бараат права за работниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со интернационалната „На сегде разум нека грми, Бие денес заден час“ го почнаа одбележувањето на Денот на трудот, но и овој 1 Мај, работничките синдикати – поделени.

Иако работниците имаат стотина маки со повреда на права, неисплатени плати и изгубени работни места, сепак, ниту на денешен ден синдикалците не најдоа засходно заедно да го кренат гласот. Сојузот на синдикати се собра пред своето седиште, Конфедерацијата на синдикалните организации пред своето, додека Конфедерацијата на слободни синдикати протестираше пред Владата.

-Сите на различно место.

-Па не нѐ викале…немало место таму, точки имало, немало место-рече Ралповски.

Првиот човек пак на Сојуз на синдикати на Македонија вели дека поканети биле сите работници и дека собирот се одржува почитувајќи ги заштитните мерки.

Иако необединети, поплаките и барањата за работниците им се речиси исти. Како минатата, така и оваа година пандемијата останува најсериозниот предизвик за работникот.

Младите од Сојузот на синдикати велат дека тие се најзагрозената категорија бидејќи работат на црно, со договорни на неопределено време, земаат ниски плати, а работат и на небезбедни места.

Барања за подобрување на условите за работа, исплати и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање.

Беше побарано носење нов Закон за работни односи согласно европските стандарди, породилното отсуство да трае 12 месеци, зголемување на минималната плата која треба да биде најмалку 60% од просечната, како и пензионирање на разни основи како што се возраста, стажот и предвременото пензионирање.