Денеска пред Националната опера и балет, на денот кога беа отворени Мајските оперски вечери протест одржа Синдикатот на културата.
Синтикатот на културата бара заштита на Колективниот договор за култура.
„Она што публиката го гледа на сцена, во музеј, библиотека или галерија не е случајност. Тоа е резултат на години труд, знаење, посветеност и љубов.Зад секој аплауз стои човечки живот, но зад завесата мора да стојат права. Денес тие права се доведени во прашање, не смееме да молчиме. Културата не е трошок – таа е идентитет. Правата не се привилегија – тие се основа. Да ја одбраниме културата. Да ги одбраниме правата.“, стои во објавата на Синдикатот на култарата како најава за протестот.
