Синдикатот на УЈП на протест – бараат покачување на платите за 30%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработените на УЈП кои се дел од синдикатот, протестираа во рамките на цела држава. Во Тетово не работеа 30 минути за да го искажат нивното незадоволство поради тоа што не добиле зголемување на платите, нешто што, како што велат, им следи со закон.

„Сметаме дека на нас како дел од министерството ни следи покачувањето од 30% и го искажавме нашето незадоволство за тоа и овој протест е продолжение на постојаните напори. Доставивме барање за зголемување на платите, аргументирано барање и според сите параметри од колективниот договор што го имаме како синдикат, ни следи. За 15 години сме имале 5% покачување во 2009 година и имајќи ги предвид сите тие измени, тешкотии, покачување на цените, периодот на пандемијата, разумно е да добиеме покачување, но реално тоа не е покачување туку следење на трендот“, вели Агрон Емини.

Од Синдикатот се жалат дека иако обемот на работа и обврските се зголемени со тек на годините, никогаш немало покачување на платите врз основа на тоа што им следи. Доколку не добијат позитивен одговор од УЈП, тврдат дека ќе продолжат со протести. Синдикатот на УЈП има 500 члена, а на државно ниво има над 1000 вработени.

Од УЈП известуваат дека веќе неколку пати имале средби со Министерството за финансии и дека се во финална фаза за постигнување на добри услови за исполнување на барањата кои беа и дел од денешниот протест.