Зголемувањето на платите за 30% на вработените во Министерството за финансии и сите останати поврзани со буџетот ги извади на протест членовите на синдикатот на работниците од Управата правосудните органи и здруженијата на граѓани.
Станува збор за 550 вработени, а Деаноски додава дека платите што ги добиваат овие административци се далеку од просечната плата. Според него, постои можност административците во Министерството за финансии да ја бојкотираат работата и на овој начин целата државна администрација да остане без плата.
Во меѓувреме, Уставниот суд се уште нема донесено конечна одлука дали ќе ја укине уредбата.
„Се уште се работи предметот. Нема да има никакви промени по тој предмет се додека не се донесе конечна одлука. Не се одлучува за мерка посебно на седница, туку во рамки на носење на одлука, од страна на сите судии. Во никој случај судот не одлучил дека треба да ги вратат парите. Нема такво нешто до сега. Што понатаму, ќе се дознае кога ќе се донесе одлуката“, велат од Уставен суд.
Инаку, Уставниот суд пред три недели поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 и 4 од законот за буџети. Судот се сомнева во посебниот Деловник донесен од Министерството за финансии, со кој се исплаќаат 30% како додатоци на плата за категорија административци во одредени институции.
