Сириската армија се прегрупира во јужните провинции Дера и Суеида

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сириската армија денеска соопшти дека ќе се прераспореди во јужните провинции Дера и Суеида, бидејќи Дамаск, како што неофицијално се најавува, изгубил контрола врз голем дел од тамошната територија.

„Нашите сили кои дејствуваат во Дера и Суеида ќе бидат прераспоредени, окупирајќи други позиции и воспоставувајќи безбедносен периметар, бидејќи терористичките елементи нападнаа изолирани контролни пунктови“, соопшти армијата, објавија државните медиуми.

Во Сирија, бунтовниците предводени од исламистите постигнаа брз напредок во последните денови, преземајќи неколку клучни градови од сириската армија.

Најмалку 370.000 луѓе, главно жени и деца, се раселени поради борбите во Сирија од 27 ноември и брзото напредување на исламистичките групи во таа земја, изјави синоќа портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарик.