СИРИЗА: Осуда на новото прекршување на Договорот од Преспа од Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Грчката партија СИРИЗА, го осуди новото обраќање од страна на Христијан Мицкоски, во кое, според нив, идниот премиер продолжува да го крши Договорот од Преспа. Од таму ја повикаа владата на Мицотакис да преземе мерки и да ги сопре овие реторики.

Во соопштението од СИРИЗА велат дека „сакаат да го потсетат ВМРО дека континуираните прекршувања на Договорот од Преспа носат и предвидени санкции“, додавајќи дека целосното усогласување со Договорот „е неопходен услов за членство на Северна Македонија во ЕУ“.

Паралелно од актуелната грчка Влада бараат „веднаш да го интернационализира прашањето со тоа што новото раководство на Северна Македонија ќе биде соочено со своите одговорности пред меѓународната заедница од моментот кога ќе продолжи да го прекршува Договорот“.

-Навистина е жален фактот што Нова демократија и ВМРО, двете сестрински партии во ЕПП, се обидуваат, за да привлечат националистичка публика, да го торпедираат Договорот кој е пресвртница за сите народи на Балканот. Владата на Нова Демократија сноси тешка одговорност за оваа нова штета што ја нанесува на националните интереси, во име на својата неодговорна надворешна политика, избегнувајќи сите овие години какво било активно вклучување во Договорот за да ги одржи внатрепартиските рамнотежи, пишува во соопштението од СИРИЗА