„Сиромаштија е, луѓето штедат пари“ – Дали викенд без ДДВ ги даде посакуваните резултати?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу  10 милиони евра  потрошиле граѓаните изминатиот Викенд без ДДВ. За купените домашни производи,  и IT  опрема  од нивните скенирани сметки ќе  им бидат вратени над еден и пол милион евра .  Зошто ваков резултат?

„Затоа  што прво е сиромаштија , луѓето штедат пари дури  и да им дадете 18 посто повраток викаат ќе купам  тоа што ми треба. Прометот е некаде до 5 пати зголемен,  некаде до три пати зголемен,  зависи за кои производи  се потрошени парите“, посочи Зоран Заев.

Видовме сериозна успешност на проектот Викенд без ДДВ  истакна   Заев . Екипата на ТВ 21 беше на терен  на последниот ден од продолжениот Викенд без ДДВ . Она што ние го затекнавме во централното градско подрачје, тогаш, беа речиси празни продавници, празни улици и граѓани од кои дел без запознаени со мерката а дел воопшто не ни знаеја дека Викенд без ДДВ постои. Граѓаните неволно одговараа на прашањето дали ја искористиле  владината мерка . Реагираа дека со ниски плати и пензии можат да си ги дозволат само неопходните услови за живот.

„Не разбирам за што прашувате. Не ја знаете мерката Викенд без ДДВ каде се купуваат домашни производи ?—Не…“

„Исто,не сме запознаени..“

„Го искористивте Викенд без ДДВ? – НЕ…“

„..НЕ…“

„Викенд без ДДВ дали го искористивте? – НЕ…Купив нешто ама не е македонски производ …Мислите дека оваа мерка може да им помогне на граѓаните? – Може сигурно, посебно за компјутер и таква IT опрема“

„Не …Зошто ,затоа што немаме пари. Запознаени сте со мерката? – која мерка…запознаен сум ама што со 11.000 денари ќе купиш нешто“.

Дали ќе има следен Викенд без ДДВ ќе одлучат граѓаните одговори  денеска премиерот .

„И да го повториме следниот викенд за две недели, три, не веруваме дека граѓаните би направиле нешто . 24.59  Ако се подготвени да прават дополнителна семејна потрошувачка од својот буџет тоа ќе го направеа во минатиот викенд“, посочи Зоран Заев.

Парите како што најави премиерот ќе се реалоцираат  на други проекти за поддршка на кризата . Инаку викендов што измина пазарувале околу 204 илјади граѓани а рокот за скенирање на фискалните заврши вчера.