Систематизацијата на „домашните административци“ – 26 одбиле да потпишат, 135 не се пријавиле воопшто

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Од 1349 „домашни“ административци, 1180 потпишале решение за прераспределба, 135 не се пријавиле воопшто да потпишат, а 26 одбиле да потпишат за нови работни места, информираат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Во рамките на законските рокови, Министерството за политички систем ќе ги додели решенијата и на 135 административци кои не се пријавиле воопшто. Вработените кои не ги потпишале решенијата, им се прекинува работниот однос во Министерството за политички систем и тие се евидентираат на трансфер листата на Министерството за информатичко општество и администрација“, велат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Ставањето  на  трансфер листа подразбира обид за поврзување на службеникот со некоја друга институција вели за ТВ21 министерот за јавна администрација, Јетон Шаќири. Временскиот рок за останување на оваа листа се уште не го открива, но вели дека службеникот нема да има повеќе од две шанси.

„Оваа трансфер листа, има случаеви кога неколку вработени на трансфер листата, кои не се заинтересирани, преминуваат од јавниот во приватниот сектор. Доколку еднаш или 2 пати не прифатат работно место или друга позиција, со новите законски измени се предвидува временскиот рок на еден вработен на трансфер листата“, истакна Јетон Шаќири.

Министерот за политички систем, Артан Груби рече дека од 1 февруари, распределените службеници треба да почнат со работа, но дека ова се уште не почна да се спроведува потврдува вчерашната изјава на претседателката на инспекцискиот совет.

Иако помина први февруари, во известувањето испратено денеска од Министерството за политички систем, се вели дека административците кои потпишале, ќе почнат со работа во предвидениот законски рок. Додаваат дека во рок од 30 дена од усвојување на планот, раководителите на институциите се обврзани да го започнат процесот на усогласување на актите за систематизација на работните места со законски уредби за трансфер на административците. Инаку, од МИОА велат дека над 20% од институциите ги усогласиле актите за систематизација.   Досега немало противење од некоја институција.

„Со полна одговорност велам дека досега во Министерството за информатичко општество немало противење, до постапката, за тие се во комуникација со секторите на Министерството и дел од мојот кабинет“, додава Јетон Шаќири.

Административците кои неколку години по ред седеа дома, а земаа плата ќе бидат систематизирани во 237 институции. МВР ќе земе најголем дел, односно околу 150 административци.