„Системот на мултиетничка демократија и инклузивност е автентична приказна за нашата државата“, вели Османи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека нашата земја и пример за мултиетничка демократија и инклузивност, и дека оваа приказна треба да биде пример и за другите држави.

Тој најпрво се осврна на покренувањето на прашањето од страна на Бугарија дека нашата држава прави притисок врз малцинството кое живее во Северна Македонија.

„Во последно време имаше доста шпекулации во Република Бугарија, односно се повеќе се покренува прашањето во некои структури дека Северна Македонија прави притисок врз бугарското малцинство, и дека прави репресија, дека не дозволува нивно изразување.

Прво, ако има такво нешто треба да го констатираме. Никој не смее да биде под притисок, поради своето чувство на определување, ниту смееме некому да го ограничиме“, изјави Османи, кој потоа упати порака дека државата нема никакви резерви кон било која етничка заедница и дека Северна Македонија е пример за мултиетничка демократија.

„Да дадам порака дека државата нема никакви резерви кон било која етничка заедница. Нешто со кое ние можеме да се гордееме во Светот е системот на мултуетничка демократија и инклузивност. И тоа е автентична приказна за нашата држава, која ја зборувам на секој состанок во светот. Да, го изградовиме со помош на нашите партнери на САД и на ЕУ, но произлезе со нашата намера да живееме заедно. Нашата приказна може да послижи како пример секаде во Светот“, рече Османи.