Сите партии се „за“ отстранување на „20%“ – но, ниедна не презема прв чекор за започнување на процесот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Речиси сите политички партии се изјасниле ЗА отстранување од Уставот на “20%“ за Албанците, но ниедна не презема конкретен чекор.

ТВ21 ги праша албанските партии дали некоја од нив ќе преземе иницијатива за организирање средба и да се види дали има 2/3 од потребните гласови за уставни измени. ДУИ и АА не одговорија.

Потпретседателот на Движење Беса, Арјанит Хоџа рече дека се подготвени за преземање таква иницијатива но откако ќе ги формализираат извршните органи на партијата.

„Еден од првите чекори што можеме да ги преземеме е да ги свикаме сите албански политички партии за да го унифицираме ставот околу прашањата кои ни се заеднички приоритет во правец на унапредување на правата на Албанците во РСМ. Откако ќе имаме унифициран став како албански политички фактор во земјава, ќе биде полесно да се разговара со македонските политички партии“, истакна Аријанит Хоџа.

Според Алтернатива, не е важно кој ќе иницира средба туку велат дека како партија, уште од формирањето биле со став дека Албанците не треба да се третираат како процент.

„Што се однесува до можноста за средба на која ќе се дебатира на таа тема, не мислиме дека најважното прашање е кој кани и кој ја почнува таа иницијатива, туку поважна е подготвеноста на политичките субјекти за дискусија на таа тема и други теми кои се однесуваат на уставните измени. Како и да е, доколку претходно се договориме, за што треба да работиме сите, самата покана станува техничко прашање“, велат од Алтернатива.

За отстранувањето на “20%“ има подготвеност и кај македонските партии. Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред неколку дена рече дека има основа за отворање на Уставот. Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е на мислење дека освен укинувањето на “20%“ од Уставот, треба да се укинат Бадентер и балансерот.

Но дали им одговара на Албанците укинувањето на Бадентерот и балансерот? Според аналитичарот Алберт Муслиу, Бадентерот како форма за носење одлуки не може да се укине бидејќи се менува концептот, а механизмот на балансерот моѓе да се укине доколку има праведна и соодветна застапеност во институциите.

„Доколку укинувањето на балансерот се комбинира со недискриминаторни и потранспаретни политики за вработување и унапредување на државните институции, јас не гледам ништо спорно во укинувањето на балансерот. Колективните аспирации за колективните права се дел од уставот и бадентер оневозможува мнозинството да му наштети на малцинството. Не верувам дека можат да се испреплетат, моѓе да биде специфично за кои сфери ќе важи Бадентре, но не да се укине целосно бидејќи тоа ќе значи целосна измена на Уставот“, посочи Алберт Муслиу.

Муслиу додаде дека сега е добар момент политичките лидери да седнат и да разговараат за постигнување консензус за отстранување на “20%“ од Уставот а тоа го базира и на подготвеноста на македонските партии да дискутираат по тоа прашање. Според него, отстранувањето на “20%“ од Уставот позитивно ќе се одрази на многу други сфера во земјава.