Сите патници од јапонскиот крузер го напуштија бродот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите членови на екипажот на крузерот „Дајмонд Принцес“ кој беше во карантин во јапонското пристаниште во Јокохама, го напуштија бродот, соопшти денеска јапонскиот министер за здравје.

Според неговите зборови, нема повеќе патници ниту членови на екипажот, односно сите го напуштија бродот кој околу еден месец беше карантин.

Бродот од почеток на февруари се наоѓа под карантин поради тоа што беше откриен еден патник заразен од коронавирус.

На него имаше и тројца македонски државјани.