„Сите сме Јован Костадинов“ – матурантот од Виница кој се врати во пожарот да спасува животи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

19 годишниот Јован Костадинов од Виница е херојот кој спаси 20 врсници по пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Психологот Радмила Манчевска од гимназијата „Ванчо Прке“ каде ученик е Јован раскажува за овој херојски потег на матурантот.

-Јован намокрил маица, се намокрил целиот и влегов во диското и така еден по еден успеал да спаси 20 млади животи и навистина е за гордот и оддавање на почит и се надевам младите од тоа ќе извлечат голема поука. Ќе можат да вреднуваат она што е хумано, вредно и значајно, изјави Радмила Манчевска, психолог во гимназијата „Ванчо Прќе“.

Јован денеска се врати на настава, а неговите соученици му приредија изненадување.

Денешниот настан покажа дека треба сите да се гордееме и дека е време да почнеме со некои нови вредности. Вредности во кои ќе се почитува хуманоста, вредности во кои сите млади треба да се идентификуваат со ваквиот херојски настан на Јован. Сите сега сме Јован и велиме сите „И јас сум Јован Костадинов“, бидејќи тој спаси повеќе од 20 негови врсници. Тој тоа го направи професионално, изјави Радмила Манчевска, психолог во гимназијата „Ванчо Прќе“.

Лузните од изгореници по телото нема да му дозволат да ја заборави трагедијата, но и неговиот хуман чин. Поради тоа општината ќе го одликува.

-Во таа несреќа сепак се појави едно младо момче од Винива, Јован Костадинов кој што со својата храброст и пожртвуваност спаси доста млади животи. Секако тоа не остана незабележано, не само од нашата општина туку и од цела Македонија па и странство. По тој повод ние како општина утре на седница јас како градоначалник ќе предложам да се додели плакета за хуманост и храброст на Јован. Исто така ќе предложам да се додели и стипенија, бидејќи Јован е сега матурант за 4 годишни студии на универзитетите, изјави Миле, градоначалник на општина Виница.

Виница пред една недела се збогуваше со двајца млади загинати во пожарот, а психолозите продолжуваат да работат со учениците по оваа незапамтена трагедија.