Сите средни училишта во Сеул добиле закани дека ќе бидат кренати во воздух

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите средни училишта во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, добиле факс закани на јапонски дека ќе бидат кренати во воздух, соопшти денеска јужнокорејската полиција.

Во соопштението се наведува дека полицијата трага по лицето кое ги испратило заканите, а училиштата ги зајакнале безбедносните мерки, пренесе Јонхап.

Факсот, испратен во средата од канцеларијата за имиграција поврзана со Министерството за правда, тврди дека бомбите веќе се поставени во сите средни училишта во Сеул и дека ќе почнат да експлодираат во петок попладне по локално време, според полицијата.