Сивило во Скопје, во Киев светна новогодишната елка иако е во војна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Традиционалната елка во Ватикан синоќа го осветли плоштадот Свети Петар.

И британското кралско семејство се подготвува за традиционалниот семеен Божиќ. Прв без кралицата Елизабета Втора.

Ова пак се снимки од Амстердам, Лондон, Берлин и Загреб.

Иако во војна, божиќната елка светна и во Киев.

А ова е Скопје. Главниот град на Македонија. Како времето да застанало, а сивилото надвладеало.

АНКЕТА НА ГРАЃАНИ:

„А па рано е уште. Јас мислам дека ќе го украсат“

„Депресивно. Прошлата имаше нешто. Треба да поработат малце пошто околината го прави расположението на луѓето. Го оформува карактерот. Празници се сепак, новогодишни…“

„Има малце туристи ама треба малце да поработат градските власти, малце да го дигнат расположението барем колку толку, сепак Нова година е, традиција е…“

Во Манила пак, главниот град на Филипините, танцувачки сообраќаен координатор облечен како Дедо Мраз ги забавува возачите.

Ни останува нам, само ова да го поскаме како новогодишна желба од Дедо Мраз. Скопје да добие новогодишна атмосфера.