Скандал во Франција: Тестови за бременост без знаење на ракометарките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Францускиот женски ракомет го тресе голем скандал. Шест ракометарки на Нант излегоа во јавност со тешки обвинувања на сметка на клупско раководство дека спроведувало тестови за бременост без нивно знаење.

Здружението на ракометарки во Франција веднаш застана во нивна одбрана и покрената е истрага. Претседателот на клубот, Арно Понрој ги демантира наводите што во текот на денот кренаа голема прашина во тамошниот женски ракомет.

„Тестовите не се направени илегално и без знаење на ракометарките. Напротив. Направени се поради заштита на ракометарките и единствено точно е во нивните наводи е дека тестовите се направени. Но, две работи не се точни. Тестовите не беа илегални и не се правени без знаење на ракометарките“, изјави претседателот на Нант, Понрој.