Скандал во Прилеп на одбележувањето на празникот – активисти на Левица со провокација за Заев, дали посакуваа инцидент?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Одбележана  80 годишнината од почетокот на Народно ослободителната борба. Во Прилеп беа положени венци цвеќе. Додека премиерот се поклонуваше кај Могилата на непобедливите, неколку лица кои носеа маици од Левица, застанаа пред споменикот принудувајќи ги претставниците на државниот врв да застанат настрана. Во еден момент имаше и зајадливи зборови меѓу премиерот и групата која стоеше пред споменикот.

Цвеќе беше положено и во неколку други градови во спомен на оние кои се кренаа против фашизмот.

Премиерот беше во Прилеп, но не одржа говор. Честитката ја упати преку социјалните мрежи. Истакна дека борците на НОБ кои го положија својот живот за слобода, ни ја дариле државата како дом  за сите, како дом на слободата!

„Имаме патриотска задача секогаш да бидеме обединети во негување на нашето праведно општество. Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Денеска се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост“, истакна Зоран Заев.

И претседателот на Собранието, Талат Џафери на социјалните мрежи  го честиташе 11 октомври велејќи дека таа желба за слобода допринела  во градењето на државата.

„Денес одбележуваме јубилејни 80 години од денот кога борците на антифашистичката генерација ја избраа потешката, но исправна страна и зачувувајќи го достоинството, човечноста и солидарноста придонесоа за подобар, похуман и поцивилизиран свет. Таа желба за слобода, придонесе и во градењето на државноста“, посочи Талат Џафери. 

Вооруженото востание почна на  11 октомври 1941 кога борците од вооружените партизански одреди на Прилеп ја нападнале  бугарската полициска патрола и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го обележало почетокот на народното организирано востание против

бугарскиот, германскиот и италијанскиот окупатор за конечно ослободување на земјата. Другиот ден, на 12 октомври се кренал и партизанскиот одред на Куманово.