Скандал во тетовската болница – директорот со осуда за настанот, за ТВ21 вели не е разбирливо ова непрофесионално однесување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По објавувањето на ТВ21 за веста со скандалот во тетовската болница каде вработен анестезиолог на Гинеколошкиот оддел во Тетово во живо на Тик Ток снимаше пациентки по сали, се огласи и директорот Пелумб Вела, кој го пријави овој случај во полиција.

Тој од пред СВР Тетово за ТВ21 нистакна дека го осудува овој случај и дека очекува органите на прогонот што побрзо да го решат овој случај.

„Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите“, рече Вела.