Бројни кражби и измами со пациенти и леков се извршени на Клиниката за онкологија во Скопје. Новинарката Ирена Мулачка, која прва ја откри злоупотреби во Онкологија, во Клик плус раскажува како на пациентите на работ на смртта им барале поткуп од 1.500 евра, за како што вели, да им го продолжат животот уште малку. Меѓутоа, како што открива Мулачка, на тие пациенти им била дадена терапија против оток.
Во „Ултра системот“ на онкологија пак пациентите кои починале се уште се водат како живи.
Дека имало неправилности на Клиниката за онкологија потврди и главниот државен ревизор, Максим Ацевски во интервју за РСЕ.
Инаку, за скандалот во Клиниката за онкологија, од пратеници во Собранието е формирана Анкетна комисија, чиј претседател е пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ. Целта на оваа комисија е да докаже дали има политичка одговорност во скандалот во Онкологија.
