Двојно повеќе е зголемен интересот за скијање од страна на младите во однос на претходната година објаснува еден од инструкторите по скијање на Шапка, Пларент Салили. Имаат обуки и оние кои почнуваат од нула и за оние кои сакаат да се надградуваат во овој спорт. Дали се потребни предзнаења, вештини за да може да се скија?
„Би препорачал да се вежба овој спорт треба мускулот да е подготвен. Секој спорт бара различен напор, како фудбал, пливање, скејт, ролерки, а најслично е со возење ролери заради одржувањето рамнотежа“, вели Пларент Салили.
Што добиваат младите од скијањето? Природен витамин Д, растење, подобрување на крвната слика, но пред се седењето пред компјутер го заменуваат со дишење чист воздух и контакт со природата.
„Бенефитот е што дишат чист воздух, за две недели се менува крвата слика, од разговор со родителите дознавам дека за -15 дена децата растат 5-6 см. Малку да ги отстраниме од телефоните, таблетите, компјутерите што премногу ги користеа особено за пандемијата затворени дома“, додава Пларент Салили.
Идеална возраст да се застане на скии е 6 години .
„Оваа година имаме еден најмлад рекордер кој почна со 5 години“, посочи Пларент Салили.
Инструкторот Салили објаснува дека кога се спуштаат со комбињата накај Тетово, веднаш ја чувствуваат разликата на воздухот и загадениот воздух. Ски-сезoната на Шапка зпаочна на 15-ти декември, а од 24-ти и со ноќното скијање. Оваа година значително се подобрени условите како за скијачите, така и за сите посетители. За време на викендите кога се најголемите гужви има превоз од пристапниот пат до ски-терените. Нови паркинзи, тоалети кои ги немаше а беа неопходни, две модерни бачила, Љубителите на скијањето на располагање ќе ги имаат сите ски-лифтови.
