Скопјанец тврди дека бил киднапиран и претепан среде бел ден во Карпош, по што бил однесен во Шишево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Драматичен инцидент среде бел ден во скопската населба Карпош пријавил 36-годишен жител на Скопје, кој тврди дека бил нападнат, насилно внесен во возило и однесен на друга локација.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен синоќа во 21:30 часот во СВР Скопје. Д.Е. (36) изјавил дека околу 14 часот, додека управувал патничко возило „мерцедес“ на подрачјето на Карпош, бил пресретнат од три автомобили – „хјундаи“, „фолксваген тигуан“ и „фолксваген пасат“.

Како што навел во пријавата, возилата биле управувани од лицата Р.Б., М.Б. и Б.Б., а едно од нив физички го нападнало, при што му нанело тешки телесни повреди.

Според неговото сведочење, по нападот бил насилно ставен во едно од возилата и однесен на автоплац во Карпош. Подоцна, како што тврди, бил оставен во селото Шишево, во скопската околина.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.