Скопјани се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес – маестро Џамбазов: Среќа е што Игор остана жив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

58 години од земјотресот кој со јачина од 6,1 степен по Рихтер и епицентар на длабочина од 5 до 7 километри го сруши до темел Скопје.

Главниот потрес траел 20 секунди, а помали имало до 5 часот и 43 минути. На 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути изутрина 1.070 лица го загубиле животот, а околу 4.000 биле повредени под урнатините. Скопјани се сеќаваат.

„Во 5 и 17 дрмнува не сме почувствувале земјотрес не знаеме што е .Почнуваат да паѓаат одозгора работи кај што беше количката на Игор. Да не го земеше Анче пред време – готово“, рече маестро Александар Џамбазов.

„Знаете во тоа време немаше свадби по кафани, пријатели се собираа дома, мајка ми си спремаше фрижидерот полн со храна. Во тоа време немаше многу места каде да се шета, на корзо. Се вратив легнав да спијам, сабајле кога здрма, чашите изглегуваа, татако ми стана и вика надвор никако, под столбовте застенете.“, изјави Борка Велковса.

15.800 станови биле урнати, а 28 000 оштетени. Над 200.000 луѓе останале без покрив над главата. Штетата од земјотресот била проценета помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија. 87 нации испратиле помош Скопје повторно да се изгради, со што го добива епитетот „Град на солидарноста“.