Денеска во Собранието на Македонија се одржува безбедносниот форум 2026 година, посветен на улогата на Западен Балкан во европската безбедност, отпорност и геополитичка стабилност.
Форумот се одржува под мотото: „Архитекти на стабилноста: Безбедносниот идентитет на Западен Балкан“.
Настанот се организира во Собранието и обединува претставници на институциите, академската заедница, дипломатскиот коре, меѓународните организации, медиумите, граѓанското општество.
Форумот ќе отвори дебата за улогата на Западен Балкан во современата европска безбедносна архитектура, во период кога континентот се соочува со сериозни геополитички предизвици, хибридни закани и засилена конкуренција меѓу големите сили. Во фокусот на дискусиите ќе бидат прашањата за регионалната безбедност, дезинформациите, енергетската сигурност, отпорноста на институциите и потребата од продлабочена соработка меѓу државите од регионот.
Најавени се обраќања на претставници од Собранието, Владата, МНР, академската заедница и Делегацијата на Европсната Унија.
Главното излагање ќе го одржи професорот Јулијан Чифу од романскиот Центар за превенција на конфликти и рано предупредување. Првиот панел е посветен на геополитичката позиција на Западен Балкан и неговото место во европската безбедносна структура. Во дискусијата ќе учествуваат експерти и дипломати од неколку европски земји, меѓу кои Полска, Србија, Романија, Австрија и Северна Македонија.
