Голем флукс на граѓаните во најголемиот пазар во Скопје, Бит Пазар, на прагот на празникот Курбан Бајрам.
Некој спрема сам, некој купува, баклавата и намирниците кои се потребни за подготовка на традиционалното слатко беа најбараните производи на пазар.
Неколку граѓани ни рекоа дека сами спремаат дома баклава, а други ја купуваат поради тоа што нема кој да ја спреми.
Дури, продавачите на слатките ни рекоа дека младите не знаат што е баклава.
АНКЕТА:
Да, се подготвуваме, мислиме дека само еден ден ќе јадеме.
-Дали сте купиле баклава или сте спремале дома?
Сме спремале дома.
Подобро ќе купиме.
Поубави се?
Не, не се подобри, туку нема кој да ги спреми.
Дали ви изгледаат скапи баклавите?
Не, не се.
Да, фала му на Бога добро е. Имавме работа.
Колку тепсии со баклава сте продале?
Не знам!
Над 100?
Да 100 вака, а со парчиња уште повеќе.
Поевтино им доаѓа да купуваат отколку да направат сами. Да младите не знаат воопшто! Дури не знаат што е баклава.
Што се однесува до цената на курбаните, граѓаните велат дека нивната цена се движи од 150 до 200 евра.
Дали оваа година сте купиле курбан?
Да, ќе колеме. Беше од 150-200 евра, така отприлика.
Дали сте купиле курбан?
Со дозвола од Бога ќе колеме.
Како и секоја година и годинава има мала разлика. И минатата година го купив 180 евра.
Дали годинава сте купиле курбан?
Бевме кај сточниот пазар, имаше гужва, но има и тука што продаваат, ќе купиме.
Како се движат цените?
Високи се!
Најголемиот бик беше 2.60 до 3 евра, но има 700-800 кила.
А овците?
200 евра, еден овен 500 евра, овие мислат дека . . . како и да е, секој за себе.
Курбан Бајрам е еден од двата исламски празници кои ги слават муслиманите во целиот свет. Во Македонија овој празник е неработен ден за сите граѓани од исламската вероисповед.
