Скопје е на 23 место во светот по загаден воздух, а на трето место во Европа по Сараево и Приштина според IQ платформата.
Ова се мерењата за денеска, но пред два дена, Скопје беше најзагаден град во светот кога беа регистрирани 263 пм честички, а поради тоа на децата и болните не им се препорачува да излегуваат надвор.
И додека скопјани дишат токсичен воздух, од Град Скопје велат дека единствено тие се на терен и работат на намалување на загаденоста. Велат се спроведуваат интензивни контроли, пишани се и казни, а обвинуваат дека од 14 надлежни институции во државата, кои треба да се грижат за квалитетот на воздухот, единствено тие превземаат мерки.
Заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска рече дека краткорочните и долгорочните мерки кои се усвоени од Владата се на сила и апелираше општините и сите надлежни институции да се вклучат во активностите против загадениот воздух. Таа ги наведе најголемите причинители за загадениот воздух.
Од Град Скопје соопштија дека ќе бидат казнети сите оние кои не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните.
