Скопје „окупирано“ со полицајци, засилени сообраќајни контроли за почитување на правилата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицајци на секој агол од Скопје. Само на Булеварот „Партизански одреди“ имаше неколку контролни пунктови. Редарите контролираат дали возачите имаат исправна возачка дозвола и документација за возилото, дали ја пречекоруваат брзината и дали носат маски во случај ако со нивните сопатници не се од исто семејство.

„Полицијата во акција за засилени сообраќајни контроли, а за тоа, во Скопје пристигнаа и полицајци од други градови.“, јавува репортерот на ТВ21.

Причината поради која се донесени полициски службеници од други градови е да се избегнат „врските“ (познанствата) при изрекување на санкциите. Акции за сообраќајни контроли нема само во Скопје, туку и во други градови, вели портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Додава дека целта на ваквите акции не е плаќање казни, туку подигнување на културата и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Граѓаните ја поздравуваат акцијата. Околу тоа колку се чувствуваат безбедно во секојдневниот сообраќај, ТВ21 праша неколкумина граѓани кои наместо автомобил, за превозно средство избраа велосипед или тротинет.

Акцијата ќе продолжи и во наредните денови. Подготвени се и пајак службите. На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 514 санкции.

Во главниот град се казнети 160 граѓани за неносење маска во автомобил, во случај кога сопатникот и возачот не се од исто семејство.