Стопанската комора на Северозападна Македонија го одбележа 20-годишниот јубилеј од основањето со свечен настан, на кој присуствуваа претставници на институциите, бизнис-секторот и домашни и меѓународни партнери. На овој јубилеј беше потсетено на патувањето на Комората од нејзиното основање во 2004 година, а се промовираa и документарен филм и монографија посветени на двете децении од нејзиното работење. Со признанија, Комората им оддаде почит на сите што ја поддржувале во нејзиниот дваесетгодишен развој, а меѓу медиумите што добија признание беше и Телевизија 21.
„Денес живееме во време кога пазарите брзо се менуваат, а конкуренцијата станува сè поголема. Затоа нашите бизниси мора да продолжат да се професионализираат, да бидат поиновативни и да го прошират своето присуство и надвор од нашите граници. Не треба да се задоволуваме само со опстанок. Треба да градиме компании што ќе бидат меѓународно почитувани и кои со гордост ќе ја претставуваат нашата заедница насекаде во светот. На ова патување, СКСЗМ треба да остане домот на нашиот бизнис. Институција која не само што слуша, туку и дејствува. Не само што претставува, туку и ги штити интересите на нашите стопанственици.“, вели Нухи Алиу, претседател на СКСЗМ.
