СКСЗМ: Веќе 20 години се соочуваме со недостиг на работници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Ова е постигнато благодарение на довербата и посветеноста на членовите и институционалните партнери, како и на сите што беа дел од ова патување. Денес, соочени со новите економски предизвици и брзите глобални промени, потребни се повеќе соработка, повеќе визија и повеќе дијалог.“, порача Нухи Алиу.

Со овие зборови беше отворена прес-конференцијата на Стопанската комора на Северозападна Македонија, каде што нејзиниот претседател Нухи Алиу, по повод 20-годишниот јубилеј, посочи неколку проблеми во економскиот систем на земјава. Прв говорник на панелот беше Изет Зеќири, член на МАНУ, кој изрази загриженост поради големата разлика меѓу бројот на компании и бројот на вработени во приватниот сектор.

„Ако тргнеме од податоците, во Македонија имаме околу 73.000 бизниси и, ако се анализираат од аспект на структурата, се плашам дека нашите компании не се подготвени соодветно да ја користат вештачката интелигенција, и затоа што од тие 73.000 компании, 7.000 декларирале дека немаат ниту еден вработен, додека 59.500, односно 84 проценти од бизнисите, имаат од 1 до 9 вработени.“, вели Изет Зекири.

Академикот Зеќири исто така изрази загриженост дека големото иселување од земјата претставува сериозен проблем, бидејќи доведува до недостиг на работна сила и намалување на наталитетот. Од друга страна, Агим Шахини, претседател на Косовската бизнис алијанса, ја истакна важноста на Стопанската комора на Северозападна Македонија и корисноста од комуникацијата меѓу државните институции и Комората, како и трговската размена меѓу двете земји.

„Тие создаваат нов идентитет, идентитет со задача да биде мост меѓу бизнисите и државните институции, една посредничка улога. Токму поради недостигот од глас се создаваат вакви организации како Стопанската комора на Северозападна Македонија.“, вели Агим Шахини.

Она што беше критикувано е фактот што политиката честопати се обидува да ги наметне своите предизборни агенди, додека бизнисите настојуваат да ја зачуваат рамнотежата за да бидат што попродуктивни и поконкурентни на пазарот.