Следната недела повторно ќе биде сослушан осомничениот за убиството на Данка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Вишото јавно обвинителство во Зајечар следната недела повторно ќе биде сослушан Срѓан Ј., осомничениот за убиството на двегодишната Данка Илиќ, потврдија за Танјуг од обвинителството.

Сè уште не е прецизиран точниот датум на рочиштето, но причината е дополнителното распитување на осомничениот.

Тој претходно беше сослушан во обвинителството на почетокот на месецов кога негираше вина.