Под влијание на влажен и многу студен воздушен бран и денес ќе има врнежи од снег, особено претпладне и во јужните делови.
Снежната покривка дополнително ќе се зголеми. До среда утринските температури во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени.
Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
