Следува неизвесен период за струјата – Ковачевски: Имаме најниски цени во регионот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Цените на храната и енергенсите се најниски во регионот, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по средбата со Сојузот на пензионерите на Македонија за усогласување на пензиите.


„Тоа се должи, прво на мерките кои ги преземавме во однос на цените на енергијата, електричната енергија, бидејќи преку државниот буџет ја субвенционира ме цената на електрична енергија за граѓаните и снабдувачите ЕВН Хоме и малите потрошувачи, го намаливме и ДДВ-то од 18% на 5% на електричната енергија“, вели Ковачевски.

Ковачевски одговараше на прашањата, но нестрплива беше претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Макотрпното одговарање на новинарските прашања заврши со пофалба, токму од претседателката кон премиерот.

Првиот човек на Електрани на Северна Македонија вели дека последните 20 дена конфликтот во Украина дополнително го отежнаа енергетскиот пазар. Потврдува дека земјава обезбеди гас и нафта кои се главни за производство на електрична енергија.


„Ние успеавме да закупиме капацитети за овој период и крајот на февруари и во месец март. Очекуваме да имаме сигурна и стабилна испорака и на електрична, но и на топлинска. Меѓутоа мора да бидеме сите свесни и совесни сите по малку што би кажале народски, да го подметнеме грбот и да штедиме“, вели Ковачевски.

Затоа што периодот кој што претстои пред нас е неизвесен, не знаеме точно дали и колку ќе имаме на располагање од овие ресурси.

Домашното производство на струја е стабилно, а РЕК Битола и Осломеј работат со зголемен капацитет.

Енергетската криза може да потрае, може ќе биде за краток период, меѓутоа опасноста е да трае до крајот на годината, можеби и наредната грејна сезона.

Пензионерите пак со кои денеска премиерот имаше средба задоволни од постигнатиот договор, но останаа без фотка за Фејсбук.