Слепите лица бараат повеќе права: Полесен пристап и самостоен живот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Правно признати факсимили за потпишување, приспособени тротоари, пристапен јавен превоз и поголема институционална поддршка се дел од барањата на Националниот сојуз на слепи лица во Македонија, презентирани во Собранието по повод Меѓународниот ден на белиот стап.

Претставниците побараа и зголемување на додатокот за попреченост, олеснување на постапките за добивање помагала, подобар пристап до дигиталните услуги и ратификација на Марaкешкиот договор.

Од институциите беше истакнато дека треба да се работи на подобрување на социјалните услуги и создавање услови слепите лица и лицата со оштетен вид да се движат, да се образуваат и да учествуваат во општествениот живот самостојно и достоинствено.