Словачка донација за Македонија вредна околу 200 илјади евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Донација вредна околу 200 илјади евра составена од 15 големи шатори, генератори, хигиенски пакети, заштитни маски FFB2 и FFB3, обезбедени од Словачка за Северна Македонија преку механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, како поддршка во борбата против КОВИД – 19.

-Ние работиме по принципот на солидарност на Европската унија. Северна Македонија ја сметаме за една од најпријателските земји со која не поврзуваат многу работи од времето на Светите Кирил и Методиј, рече на примопредавањето на донацијата амбасадорот на Словачка, Хенрих Маркуш.

Тој истакна дека Словачка сакала да помогне што поскоро со хуманитарна помош, но пролетта тоа не било можно поради технички причини.

– Новата словачка влада се консолидираше и најдовме средства кои одат преку европскиот механизам. И ние сакаме да им помогнеме на што е можно повеќе земји, но Северна Македонија ни е најмладиот сојузник во Северноатланската алијанса, рече Маркуш.

Ова е втора помош од Словачка за нашата земја од почетокот на пандемијата, но тоа беше, како што кажа амбасадорот релативно мала помош која била добро примена кај нас.

Хуманитарната помош која во Северна Македонија доаѓа преку словачката агенција за помош Slovakia aid, е во вредност од над 200.000 евра и се состои од 15 големи шатори, генератори, хигиенски пакети, како и неколку илјади респираторни маски од типот ФФБ2 и ФФБ3. Најголем дел од трошоците за транспорт биле платени преку Европскиот механизам за солидарност.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека ЕУ ја поддржува Северна Македонија и земјите од Западен Балкан за време на оваа пандемија и оти ќе продолжи тоа да го прави. ЕУ, рече, ја помага земјата на различни начини.

-ЕУ има обезбедено итна медицинска помош, вклучително респиратори или механички вентилатори во вредност од четири милиони евра. Дополнителни пет милиони евра веќе на пат како помош на вашата земја. ЕУ и обезбеди на Северна Македонија и земјите од регионот и пристап до договорот за заеднички набавки, како и до механизмот за итен одговор или итна реакција, кои дотогаш беа на располагање само на земјите на ЕУ. Денешната донација е тука благорадарение токму на тој механизам, рече Гир, додавајќи дека благорадарение на тој механизам за набавки зејава има можност да го нарача лекот ремдесивир доколку тоа е потрбно, директно од фармацевтските компании.

Амбасадорот Гир потсети дека ЕУ за земјава обезбедува и помош во грантови и бескаматни заеми, како и помош од 160 милиони за микрофинансика поддршка.

Никола Димитров, вицепремиер задолжен за европски прашања и национален координатор за странска помош во земјава, рече дека покрај билатералната помош од земјите членки на ЕУ, и самата Унија обезбедува поддршка.

-Тоа значи дека со средства на европските деаночни обврзници се стабилизра домашниот буџет, се обезбедуваат поволни заеми и кредити за нашите домашни компании, се помагаат активни мерки за вработување на најзагрозените граѓани и се набавува заштитна медицинска опрема за нашите лекари кои секојдневно и макотрпно се борат  во битката за спасување на  човечки животи, рече Димитров.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека преку ЕУ и преку билетарална соработка со поединечни  земји членки на ЕУ ние практично почувствувавме што значи европската солидарност  и помош кога е најмногу потребна.

-Од самиот почеток ги добивме најзначајните  работи коишто го зајакнаа нашиот здравствен систем, а тоа беа делови на опрема пред се респираторни машини, маски, заштитни материјали до кои на почетокот на кризата и многу тешко се стигнуваше, практично имаше дефицит насекаде во светот. Така што, видовме  што значат овие механизми на помош без кои веројатно многу потешко ќе се  справувавме со кризата, рече Филипче.