Словенија ја продолжува контролата на внатрешните шенгенски граници со Хрватска и со Унгарија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Словенија повторно ќе ги продолжи привремените контроли на внатрешните шенгенски граници со Хрватска и Унгарија, објави денес Владата на таа земја, додавајќи дека една од клучните причини за оваа одлука е зголеменото ниво на закана од тероризам.

Мерките, кои првпат беа воведени во октомври 2023 година, ќе останат во сила до 21 декември, а Владата на Словенија наведува дека контролите нема да ги вознемируваат патниците во текот на летната сезона, пренесува СТА.

Министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар наведува дека влошувањето на безбедноста на Блискиот Исток, војната во Украина, „комплицираната ситуација на Западен Балкан“ и зголемената закана од тероризам се загрижувачки фактори.