Словенија од идната недела планира да ја почне туристичката сезона

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Експертски тим на словенечкото министерство за туризам и угостителство, предложи во понеделник постепено отворање на сместувачките капацитети во туристичкиот сектор, кои веројатно поради епидемијата на коронавирусот ќе доживеат најголеми загуби.

Најпрво е планирано отворање на малите сместувачки капацитети.

Од туристичкиот сектор бараат брза помош за да може да закрепнат. Тие бараат во следните четири месеци, или најдоцна до крајот на годината да се формира посебен фонд кој би овозможил ликвидност на туристичките капацитети.

Државниот секретар Симон Зајц напомена дека од идната недела планира да бидат отворени малите сместувачки капацитети кои може да примат до 30 гости, што би било предвесник за отворањето на големите хотели.