Случај на мајмунски сипаници регистриран во Софија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Случај на заболен од мајмунски сипаници, е регистриран во Софија во периодот од 2 до 8 декември 2024 година. Случајот е втор во Бугарија во оваа годниа. Првиот беше во јуни.

Болеста главно се наоѓа во земјите од централна и западна Африка. Станува збор за ретко вирусно заболување кое предизвикува симптоми на акутна вирусна инфекција (треска, главоболка, болки во мусклулите) и осуп што наликува на мозолчиња.