Случај „Саздовски”: Одбраната бара преквалификација на обвинението – обвинителство да се потврдат казните

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

АХВ постапи по две нотификации за увезен небезбеден сусам од Индија

Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food...

Нови 444 случаи на Ковид-19, починаа 21 лице, оздравени 894 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи...

Ненадејно почина актерката позната како Марија од култниот серијал „Жикина Династија“

Српската актерка Риалда Кадриќ, позната по улогата на Марија од култниот серијал „Жикина Династија“, почина ненадејно синоќа во 57-мата...

Укината забраната за тешки моторни возила за „Стража“

АМСМ соопшти дека од 15:50 часот е укината забраната за движење на тешки возила на превојот „Стража“. Беше воведена...

Во населено место со 120 километри на час! Секоја недела по една сообраќајка на „улицата на смртта“ во Тетово

Секоја недела по една сообраќајна несреќа. Ова е црната статистика за 2020 година на улицата „Видое Смилевски Бато“ или...

Одбраната на обвинетите во случајот „Саздовски” и обвинителот Јован Стефановски од Вишето ЈО – Скопје, денеска во Апелацискиот суд Скопје ги образложија своите жалби по однос на првостепената пресуда.

Бранителот на првообвинетиот Бесир Бела, адвокат Насер Рауфи во објаснување на поднесената жалба истакна дека обвинетите на денот на настанот немале план за тоа што се случило.

– Немале умисла. Се работи за класичен напад од три лица и тука е сторено кривично дело ,,насилство”. После настанот и смртта на оштетениот се случија протести, имаше мешање на еден парламентарец. После овие случувања предметот се смени за 360 степени, рече адвокат Рауфи и додаде дека свирепоста напишана во пресудата е субјективна.

Обвинителот од Вишето ЈО-Скопје, Јован Стефановски, во своето излагање кратко посочи дека жалбите на одбраната треба да се одбијат. Тој воедно рече дека предлог на Вишето ЈО-Скопје е да се потврди одлуката на првостепниот суд по овој предмет.

Обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор, во своите излагања бара да се судат за делото што го направиле. За нив е неприфатливо квалификацијата на обвинителството дека станува збор за „убиство на свиреп начин”.

Судијата известител Зоран Димитриевски, читајќи ги отежнувачките околности на кој се осврнал Кривичниот суд Скопје при донесење на пресудата го наброи изгубениот живот на младото лице, фактот дека истиот не може да се врати и оштетата која ја претрпиле членовите на семејството на починатиот.

Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда. Привчно младиот Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите. Освен казната по 19 години затвор, судот обвинетите ги задолжи да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка.