Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николвоски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција соопштија дека за седум компании се изречени прекршочни пријави и казни за нелегален увоз, складирање и продажба на мазут.
„При спроведената внатрешна контрола на царинска управа кај РКМ ДООЕЛ е утврдено дека тој пријавил нафтен дериват кој не подлежи на акциза, но по контролата е утврдено дека станува збор за нафтен дериват мазут, што подлежи на акциза, и од фирмата е наплатен царински долг во вредност од над 24 илјади евра.
Санкционирани се следните компании:
Блу технолоџи е констатирано дека се продава мазут ППД, и поради тоа ДПИ на компанија и издаде решение за привремена забрана за пуштање во промет на производот. САНС АГ Штип е утврдено производство на мазут од отпадни гуми за кој инспекторатот констатираше дека производот не ги исполнува стандардите квалитет. За оваа компанија е изречена забрана за работа и барање за одземање на Б интегрирана дозвола.
Евротим – утврдени остапки од граничните вредности на увезениот мазут. Двете цистерни од кои се земени мостри се вратени кај добавувачот. Дополнителни ДПИ има мостри и од нивното складиште, а анализите ќе бидат готови денеска. ДПИ и изрече решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут.
Кај пет цистерни на Супертрејд, утврдено е отстапување на мерките, во делот на поголем дел на вода од дозволеното. Петте цистерни се вратени кај добавувачот. Извршен е уште еден инспекциски надзор, земени се три мостри, и утврдено е дека земените примероци се во согласност на правилникот.
Кај дел од компаниите е утврдено неправилности во делот на законската обврска во чување на залихи, и правилно водење на сметководствена евиденција. Притоа за седум компании се изречени прекршочни казни во висина 55.510 евра
РКМ ДООЕЛ за немање на залихи и неточно водење на смектоводство. Исто така и Супертрејд за немање залихи што е законска обврска. Евротим поради немање залиха, и оваа компанија веќе има забрана за промет на мазут. Компанијата Пертинакс Скопје нема залихи, ЛИ ОИЛ Кавадарци нема залихи на мазут, БЛУ технолоџи за несоодветна сметководствена евиденција и оваа фирма има привремена забрана. КА ОИЛ Енерџи Кавадарци нема залиха, и утврдено е дека компанијата вршела трговија без лиценца од РКЕ. За сите овие компании, веќе е информирана РКЕ, која ќе превземе мерки“, рече Бектеши.
