Случајот „Монако“ само дел од предметите – кога ќе има завршница на случаите со перење пари во Македонија?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во државата има поднесено поголем број на кривични пријави за перење пари , а некои од нив веќе се во судска постапка, потврди  директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов. Ги  спомна предметите од СЈО  и изрази надеж дека истите во иднина ќе бидат докажани и ќе има пресуди. Дали постојат и други случаи поврзани со перење пари?

„Еве сега го спомнавте Монако, таму имаме поголеми суми на замрзнување, познатиот случај ….А во случајот Империја?     Во сите предмети сме учествувале .Тие предмети се веќе во истрага  и обвинителот е тој кој може да ви даде повеќе информации“, посочи Блажо Трендафилов.

Докажувањето на перење пари е многу сложен процес, вели Трендафилов, додавајќи дека земјава има платформа за брза размена на податоци за сомнителни финансиски средства и за нивно замрзнување.

„Нашиот дел е разузнавачки, но доколку ги следите предметите сметајте дека во сите предмети каде има обвинение за перење пари учествувала Управата за финансиско разузнавање“, истакна Блажо Трендафилов.

Уште потешко за докажување е финансирањето тероризам оти како што објасни Трендафилов таму се работи за многу мали суми на пари кои е тешко да се докажат. Директорот на Управата се пофали дека земјава добро котира по ова прашање. Но во иднина преку проект,  Холандија ќе ги подучува и ќе им помага на вработените во Управата  за финансиско разузнавање како да  препознаат и спречат сомнителни финансиски активности преку крипто валути а лекции против перење пари ќе има и за бизнис заедницата.