Случајот на онкологија „убиства за лични интереси“, екс обвинителката Кадриу: Осомничените треба да бидат во притвор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите за кои постојат сомнежи дека се вмешани во скандалот со терапиите на Онкологија треба да бидат во притвор, со цел да не влијаат на истрагата, смета екс обвинителката Лејла Кадриу која не ги амнестира ниту екс министрите ниту замениците министри и екс директорите кои биле на чело на клиниката. Според Кадриу веќе три години се зборува за оваа афера, а институциите реагирале со доцнење и тоа по веста во медиумите. Екс обвинителката состојбата ја опишува како алармантна а го критикува МВР и Обвинителството дека не ја вршат работата како што треба и за селективна правда.

-Ги зедовме на распит, ги повикавме на распит, ги зедовме компјутерите… не е доволно, тоа се работи што можат да се заменат и да исчезнат. Без претходно да ги обезбедите сторителите, секој што бил вклучен во процесот, од моментот кога биле прифатени до моментот на дистрибуција, што се случило, да се направи анализа за нив и да се обезбедат докази, но не на овој начин, не со комисии, сите во оваа земја треба да си ја знаат работата-вели Кадриу.

Според поранешната обвинителка, овој скандал е дел од типот на убиства за лични интереси и на сторителите на ова кривично дело им се закануваат високи казни, најмалку 10 години. Кадриу смета дека во продажбата на терапии е вклучен долг синџир на луѓе, каде медицинските сестри се само посредници. Како заклучок, таа стравува дека истрагата ќе се пролонгира за да се релативизира ова кривично дело.

„Не, не можеш, сестрата не може сама да ја работи таа работа, сестрата може да биде нечија маша само за некој мал личен интерес. Всушност, тие не ги лекуваат луѓето намерно, ги продаваат лековите, им даваат физиолошки раствор,со цел оние лекови што можат да доведат до заздравување да ги претворат во пари. Тие свесно вршат убиство и не можат да се извлечат од тоа.“, вели Кадриу.

Инаку, од Основното јавно обвинителство велат дека заедно со МВР континуирано вршат распит на лица кои можеби имаат одредени сознанија за случајот. Исто така, започна и дел од анализата на прибраните материјални докази.