Министерот за здравство на Обединетото Кралство, Ендрју Гвин доби отказ поради навредливи коментари дадени на социјалните мрежи. Како што пренесува „Гардијан“, Гвин и посака смрт на пензинерка која не гласала за него, а исто ака се шегувал на сметка на црномурестите лица и Евреите.
„Премиерот Кир Стармер е решен да одржува високи стандарди на однесување во јавниот сервис и да води влада која им служи на работните луѓе. Тој нема да се двоуми да преземе мерки против секој министер кој нема да ги исполни тие стандарди, како што направи во овој случај“, рече владиниот портпарол.
50-годишниот министеро за здравство и пратеник од Лабуристичката партија, одговорил многу грубо на барањето на пензионерка. 72-годишната жена го замолила министерот да го реши прашањето околу одложувањето на отпад. Нејзината порака се појави на групата на WhatsApp.
„Драга жителке, по ѓаволите со твоите канти за отпадоци. Јас бев реизбран и без твојот глас. Оди во пеоколот. Се надевам дека ќе умреш до следните избори“, одговори Гвин на ова нејзино барање.
Исто така министерот му кажал на еден човек дека неговото име „звучи премногу еврејски“ и премногу „мулитаристичко“, а потоа го прашал дали е член на Мосад. Гвин исто така, како што пренесува „Гардијан“, направила непристојни коментари за пратеничката на Лабуристичката партија Дајан Абот, првата црна жена избрана во британскиот парламент.
