Снежна бура го погоди источниот дел на САД. Во Орчард парк, град во северозападниот дел на државата Њујорк паднаа 84 сантиметри снег, јави АП.
Во Невада снег падна до височина од 90 сантиметри на врвовите на планините Сиера Невада, додека повеќе од 30 сантиметри снег паднаа во некои скијачки центри околу езерото Тахо, а удари на ветер од 180 километри на час беа забележани и на планината Мамут.
Предупредувањето за зимската бура требаше да истече во 22 часот по локално време, но предупредувањето за лавина остана на сила до следната ноќ за височини над околу 2.400 метри околу Тахо, пренесува Танјуг.
Меѓудржавен 80 беше затворен во дел од Калифорнија до границата со Невада, западно од Рено, каде врнеше дожд и во попладневните часови беше во сила зимскиот совет.
Во западен Вашингтон, десетици илјади луѓе останаа без струја во саботата поради дождот и силниот ветер, објавија локалните медиуми.
Исто така, 160.000 корисници останаа без струја во Калифорнија.
