Снег во Тетово, дел од планинските села блокирани – рачно се фрла сол, исмевање на социјалните мрежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Снегот што падна во Македонија го отежна сообраќајот во Полошкиот регион. Во планинскиот појас улиците се проодни, но со зимски услови. До пладне колку што бевме во село Шипковица, според жителите улиците биле исчистени се до Бродец, а Вешала и Бозовце биле блокирани.

„Се наоѓаме во планинското село Шипковица во Тетово. До тука патот е исчистен и до селото Бродец патот е прооден во зимски услови, а селата Вешала и Бозовце и натаму се блокирани. Се обидовме да се искачиме до таму но не беше возможно“, вели репортерот на ТВ21.

Еден жител кој прифати да зборува пред камера не беше воопшто задоволен со досегашната работа за одржување на патиштата во општина Тетово.

„Не, тука ништо не се движи, додека се овие на власт, Теута, овде ништо не може да се направи, на сила треба да ги донесеш, види каков е патот тука, ништо, на државава треба да и се е…. м…., да не постои оваа Македонија. Селата горе дали се проодни? Не бре, ништо не мрда горе, ништо“, посочува граѓанин.

Во Тетово главните улици се исчистени, а тие низ населбите се проодни. Но за тротоарите никој не се потрудил да ги исчисти. Граѓаните велат дека им е тешко да се движат по тротоарите.

„Не знам од каде да почнам, не тротоарите туку ништо не е во ред, тешко, многу тешко, потешко не може“.

„Има деца, стари лица, луѓето се лизгаат, одат во болница“.

„Не е баш добро ама може да се помине, не е без ич“.

На социјалните мрежи е споделено видео на кое се гледа кога од камион за чистење во Тетово рачно се фрла сол. Со ова почнаа да се шегуваат по социјалните мрежи. Во нивните објави, многу граѓани се шегуваат споредувајќи го ова со познатиот турски готвач Нусрет.

„Нусрет дошол во Тетово, како не му се измори раката на кутриот! Ах наш комуналец! кутрите ние, а блазе тебе“

„Кога ви реков ќе дојде Нусрет ќе фрли сол во Тетово, се смеевте!“

„Нусрет за градоначалник, браво градоначалничке, ги насоли граѓаните“

Општина Тетово за оваа година издвои над 103 илјади евра за чистење на улиците и набавка на сол и песок. Тендерот го доби компанијата НБ Компани.