Снегот не го „фати“ Тетово неподготвено, планинскиот дел прооден, активирана е целата механизација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Врнежите од снег во Полошкиот регион го отежнаа сообраќајот во градот. Иако општинските власти излегоа на терен уште рано изутрина, во очи паѓаат тротоарите на главните улици не се исчистени. Од комуналното претпријатие кое се занимава со чистење на улиците и тротоарите, велат дека ја ангажирале цела механизација за чистење.


ЈКП Тетово ја активираше цела механизација за одржување на улиците поради врнежите од снег. Во наредните часови ќе се фрла сол и песок. Ги презедовме сите потребни мерки со цел улиците во градот и планинските цела да бидат проодни.
Ваква е состојбата на влезот на селото Шипковица. Во овој дел улиците не с е исчистени, но потребна е зимска опрема.

Патот Шипковица – Бозовце е исчистен и прооден во зимски услови.
Жителите на Шипковица велат дека во споредба со другите години, оваа година на чистењето му е посветено големо внимание.


Врнежите од снег се предвидува да продолжат и за време на викендот, а општина Тетово за чистење на улиците оваа година за разлика од други години, го ангажираше ЈКП за одржување на патиштата кое по потреба ангажира и приватна компанија за одржување на патиштата.